Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на слаломот во Гармиш.
Изненадувачки водечкиот по првото слаломско возење во Гармиш, Тангуј Неф сепак не издржа. Во второто возење тој погреши и мораше да се откаже што широко ја отвори вратата до победата за Хенрик Кристоферсен.
Норвежанецот се покажа добро во второто возење и на крајот славеше со 14 стотинки подобро време од Лоик Мејард кој заврши на второто место.
На третото место скокна Мануел Фелер кој беше петти по првото возење, а во поредокот падна и Даниел Јул.
За одбележување е и Шпанецот Хоаким Саларих, кој на крајот на трката дојде на осмото место со бројот 50.
Слалом Гармиш:
1. Хенрик Кристоферсен (Нор) 1: 46,14
2.Лоик Мејард (Фра) +0,14
3. Мануел Фелер (Аут) +0,51
4. Јоханес Штролц (Аут) +0,76
5.Даниел Јуле (Шва) +0,92
6. Линус Штрасер (Гер) +1.01
7.Алекс Винацер (Ита) +1,04
8. Хоаким Саларих (Шпа) +1.11
9.Мајкл Мат (Аут) +1.12
10.Атле Ли Мекграт (Нор) +1,14