Рускиот тенисер Андреј Рубљев е победник на турнирот во Дубаи.
Во финалето лесно го совлада Чехот Јиржи Весели – 6:3, 6:4 за 81 минута игра.
Рубљев така стигна до 10. трофеј во кариерата, броејќи само АТП турнири, а втор годинава.
Светскиот рекет број седум поведе во сетовите со брејк во четвртиот гем, не дозволувајќи му на ривалот да се закани воопшто при неговиот сервис.
Во вториот мораше да се помачи, иако веднаш направи разлика со брејк, Весели се врати во шестиот гем, но следеше рибрејк и потврда на триумфот.
Весели така остана без главната награда во Дубаи, каде успеа да направи сензација со победата над Новак Ѓоковиќ.