Американската скијачка Микаела Шифрин е победник во велеслалом во Кронплац и е нова рекордерка во Светскиот куп со 83 победи во кариерата.

Второто место ѝ припадна на Лара Гут-Бехрами, а на третата позиција заврши Италијанката Федерика Брињоне.

Шифрин го надмина рекордот на легендарната Линдзи Вон и има една победа повеќе од неа, а до Ингемар Стенмарк ја делат три триумфи.