Рускиот тенисер, Карен Качанов се пласира меѓу четири најдобри на Австралија опен, откако неговиот противник Корда го предаде мечот.
Првиот сет беше неизвесен, Качанов го доби во тајбрејк со 7-5. Русинот во вториот сет беше подобар со 6-3, а третиот се играше до 3-0, кога Корда мораше да го предаде мечот поради повреда на зглобот.
Качанов во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меќу Циципас и Лехечка, кој се игра денес.