Шпанскиот вундеркинд Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на мастерс тенискиот турнир во Мајами откако утринава го совлада третиот фаворит Стефанос Циципас.
Шпанецот славеше над гркот со 7-5 и 6-3 и закажа дуел со србинот Миомир Кецмановиќ, кој пак во три сета беше подобар од Тејлор Фриц. Првиот фаворит Данил Медведев го победи Џнесон Брукзби со 7-5 и 6-1 и помеѓу најдобрите осум ќе се сретне со Хуберт Хуркач.
Јаник Синер со 7-6 и 6-3 беше подобар од Ник Кирјос, а Александер Зверев со два сета од по 6-4 го елиминираше Танаси Кокинакис. Во четвртфиналето се пласираа и Каспер Руд и Франциско Черундоло, кој е најголемото изненадување досега на турнирот.