По речиси три месеци одмор и полемики во Австралија, Новак Ѓоковиќ конечно му се врати на тенисот, со победата во Дубаи над Лоренцо Музети .
Новак Ѓоковиќ уште од декември се пријави за првото коло на АТП турнирот во Дубаи. Зад првиот светски тенисер е драма во Австралија и период на одмор, тренинзи и опоравување.
Се врати во Дубаи и го одигра својот прв натпревар по 3 декември, кога го победи Марин Чилиќ во Дејвис купот, а при враќањето забележа победа против Лоренцо Музети.
Италијанецот од 58. место на АТП ранг листата на турнирот влезе со покана, и пружи солиден отпор. Ѓоковиќ направи брејк во првиот сет за 3:1, а Музети имаше голема шанса со 0:40 и три брејк топки во следниот гем.
Ѓоковиќ го спаси гемот, го приведе сетот до крај со 6:3, а во вториот направи брејк за 2:1, а на 3:2 повторно спаси четири брејк топки. Тој направи уште еден брејк на самиот крај, за 6:3.
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со подобриот од мечот Карен Хачанов и Алекс Де Минаур.
АТП Дубаи, прво коло:
Новак Ѓоковиќ (Србија, 1) – Лоренцо Музети (Италија, СП) 6: 3, 6: 3