Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се најде во тимот на колото во Германската Втора лига, по одличнот викенд кој го имаше зад себе. Тој во дресот на Шалке на мечот со Падерборн постигна убав гол, кој му донесе место во тимот на колото во изборот на угледниот „Кикер“.
Чурлинов погоди во 74-та минута за победа од 2:0, а ова беше негов втор гол за Шалке во оваа сезона.