Сопственикот на НБА тимот Сакраменто Кингс , Вивек Ранадив се подготвува да стане сопственик на фудбалскиот клуб Челзи.
Сакраменто кингс се особено популарни на овие простори поради Владо Дивац и Предраг Стојаковиќ кои со голем успех настапуваа за таа франшиза.
Неодамна во тој тим настапуваа Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица, додека во управата, односно „фронт офис“ беа Дивац и Стојаковиќ.
Според бројни американски медиуми, сопственикот на Сакраменто, Вивек Ранадив е подготвен да го купи Челзи од Роман Абрамович и да стане нов сопственик на англискиот великан.
Поради новонастанатата ситуација околу војната меѓу Русија и Украина, Роман Абрамович беше принуден да се повлече од кормилото на Челзи и се подготвува да го продаде славниот клуб, па Вивек би можел да стане нов сопственик.
Вредноста на Челзи е 3,2 милијарди долари.