Динамичен и возбудлив натпревар одиграа Атлетик Билбао и Валенсија во 11. коло од шпанската Ла Лига, а на крајот одиграа нерешено и си поделија по еден бод.
Де Маркос погоди за водство на Атлетик во 32. минута од натпреварот, по што мрежите мируваа во следниот половина час пред да се разигра тимот на Валенсија и со головите на Перез и Дуро да направи целосен пресврт (2-1).
https://twitter.com/i/status/1718690042342719742
https://twitter.com/i/status/1718703348348506383
https://twitter.com/i/status/1718704324224655447
Валенсија успешно се бранеше од нападите на Атлетик, но не издржа до крајот и во 97. минута прими погодок за конечни 2-2 стрелец беше Беренгуер.
https://twitter.com/i/status/1718711422899626114
Атлетик Билбао е шести на табелата со 18 бодови, додека Валенсија е на деветтата позиција со 15 бода.