Еден од најискусните фудбалери на Украина, Тарас Степаненко порача дека мора многу добро да внимаваат на Македонија, зашто сѐ уште го памети последниот дуел на Еуро 2020 во Букурешт, кога победија со 2-1, но трепереа за трите бода.
Украина утре во Скопје ќе се судри со Македонија во пресметката од „групата на смртта“ во евроквалификациите, а по едно коло Украинците имаат пораз од Англија, додека Македонија има триумф со Малта.
„Добро се сеќавам на тој меч на Еуро 2020, многу тврд натпревар на кој имавме и многу среќа, а во поголем дел од мечот бевме подобри, промашивме и пенал, но…Македонија има многу играчи од таа пресметка на Европското првенство, знаеме дека се многу квалитетен тим кој има многу добри поединци, така да мора да сме многу внимателни“, рече Степаненко.