Њукасл е блиску до доведување на Киеран Трипиер (31) од Атлетико Мадрид, пишува talkSPORT. Искусниот англиски десен бек има дозвола од Атлетико да си замине, а на богатиот Њукасл очајно му требаат нови играчи бидејќи тимот моментално се бори да остане во Премиер лигата.
Трипиер е во Атлетико од 2019 година и во кариерата играше за Манчестер Сити, Барнсли и Тотенхем. За репрезентацијата на Англија има 35 настапи и еден гол.
Според Трансфермаркт, Трипиер вреди 20 милиони евра. Оваа сезона има 15 настапи за Атлетико и 928 одиграни минути.
Тој треба да стане првиот фудбалер што ќе го доведат новите сопственици на Њукасл. Да потсетиме, Њукасл со доаѓањето на арапските сопственици стана најбогатиот клуб во светот, но веќе во првата сезона под новото раководство му претстои многу тешка задача – борба за останување во Премиер лигата. Тимот забележа само една победа и е претпоследен во првенството, а до Нова година има брутално тежок распоред.