Кајсериспор ќе се соочи против Сиваспор во финалето на турскиот Куп, но сцените кои се забележани пред натпреварот предизвикаа загриженост за безбедноста на навивачите.
Ултрасите на Кајсериспор со автобус тргнаа на финалето во Истанбул, а на фотографијата на социјалните мрежи можеше да се забележи дека еден од нив носи мачета.