Шпанија ја совлада Италија со 2-1 и се пласира во финалето на Лигата на нации каде в недела ќе оди на пресметка со Хрватска која претходно славеше против Холандија.
Јереми Пино во третата минута ја искористи грешката на Леонардо Бонучи и донесе водство за „црвената фурија“, а израмни Чиро Имобиле од пенал во 11.минута.
Фратези имаше одлична шанса, но не ја искористи, а решавачкиот удар го зададе Хоселу во 89.минута за конечен триумф на Шпанија и пласман во финалето на ЛН.