Најдобриот стрелец на Тотенхем и на Премиер-лигата минатата сезона, Хјонг-Мин Сон, се наоѓа на листата на трансферни желби на европскиот првак Реал Мадрид. Јужнокореецот во последната сезона постигна 23 гола во првенството и ја подели „Златната копачка“ со Мохамед Салах, а уште поимпресивно е што ниту еден негов гол не беше од пенал.

Сон во последните шест години постигна 131 гол и имаше 73 асистенции во 324 натпревари за Тотенхем и е еден од најдобрите офанзивци во европскиот фудбал во овој момент.

Реал Мадрид и понатаму бара квалитетен напаѓач откако пропадна трансферот на Килијан Мбапе. Герет Бејл и Иско си заминаа по истекот на договорите.

Серж Гнабри, Ришарлисон и Габриел Жесус се дел од имињата кои се поврзуваат и со Реал Мадрид.