Велшанецот Герет Бејл девет години играше за Реал Мадрид, но и покрај фактот што имаше некои фантастични настапи и постигнуваше многу важни голови особено во финалињата од Лигата на шампионите, тој никогаш не стана миленик на навивачите ниту пак на медиумите.

Очигледно незадоволството било обострано, бидејќи Велшанецот во јавноста ниту еднаш не прозборе на шпански јазик. Она што е интересно е дека медиумите буквално го распнуваа зошто не го научил шпанскиот јазик, а толку долго игра во Мадрид.

Сепак една од првите изјави на Бејл во новиот клуб Лос Анџелес ФЦ во МЛС-лигата беше на шпански јазик.