Медиумите во Турција пишуваат дека 34-годишниот македонски напаѓач Адис Јаховиќ во зимскиот преоден рок би можел да ги смени клупските бои. Тој во моментов настапува за Гозтепе, кој е на последното место на табелата, а за неговите услуги се интересира Бурсаспор.
„Зелено-белите“ имаат проблем и ако сакаат да го доведат Јаховиќ прво ќе мора да се ослободат од еден странски играч, со што би отвориле место.
Медиумите во Турција наведуваат дека Јаховиќ и Бурса имале контакт и пред почетокот на сезоната меѓутоа тогаш не дојде до договор, па сега е нова прилика.