Шпанската Барселона и тренерот Чави Ернандез се на големи маки во пресрет на дуелот со Мајорка закажан за викендов, зашто во моментов на „Камп Ноу“ има само девет здрави играчи, па неизвесно е дали Ла Лига ќе пресече и ќе го одложи мечот.
Настрана што Каталонците имаа низа повредени, во изминативе денови дузина фудбалери заболеа од ковид-19, па Чави остана без играчи за тренинг и за да одработи со деветмината здрави мораше да повика осуммина од Б-тимот за да може нормално да работи.
Последни во низа кои заболеа од ковид-19 се Сержињо Дест, Фелипе Кутињо и Абде Езалзули, а од претходно во изолација со позитивни наоди се Осман Дембеле, Самуел Умтити, Гави, Жорди Алба, Клемент Ленгле, Дани Алвеш и Алехандро Балде.
Во овој момент Чави на располагање ги има само Лук Де Јонг, Френки де Јонг, Рики Пуиг, Жерар Пике, Роналд Араухо, Оскар Мингеза, Ерик Гарсија и голманите Марк Андре Тер Штеген и Нето