Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски имаше успешен настап за својот Железничар на гости кај екипата на Широки Брег во босанското првенство.
Железничар триумфираше со убедливи 0-3, а нашиот Цветаноски постигна гол и имаше асистенција, а беше и најдобар поединец во својот тим. Прво асистираше за Сулејман Крпиќ во 60. минута, а потоа го постави и конечниот резултат во последната минута од регуларното време. Во почетниот состав кај гостите беше и нашиот Мартин Мирчевски, кој беше на теренот до 53. минута.
За Железничар ова беше седма победа сезонава, а Цветаноски сега има учинок од три гола и две асистенции. 27-годишниот офанзивец летово дојде во редовите на славниот босански клуб, а претходно две години ги бранеше боите на Брера од Струмица.