Иранските фудбалери обезбедија учество на Светското првенство во Катар, откако во седмото коло од квалификациската група А го совладаа Ирак со 1:0 (0:0).
Иран со оваа победа теоретски обезбеди пласман на Светското првенство на три кола пред крајот на групното натпреварување.
Стрелец на победничкиот гол за Иран беше играчот на Порто , Мехди Тареми во 48. минута.
Иран е прв во групата со 19 бодови, 10 повеќе од третопласираните Обединети Арапски Емирати.
Блиску до пласман е и Јужна Кореја, која е на второто место со два бода помалку од Иранците.
Ова за Иран ќе биде шесто учество на Мундијалот, а трето по ред.