Пари Сен Жермен, Бенфика и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва осминафинале во Лигата на шампионите и им се придружија на Баерн Минхен, Наполи, Манчестер сити, Бриж и Реал Мадрид, кои од минатото коло го заверија настапот во пролетните елиминации во мултимилионската елита.

Бенфика го исфрли италијанскиот великан Јувентус од Лигата на шампионите после победата со 4-3 во Лисабон, во која „орлите“ ја газеа „старата дама“ во три четвртини од мечот, но набрзина им дозволија на Италијанците да се вратат во мечот и да се борат за чудесен пресврт. Рафа Силва погоди дирек за да ја завери победата, но Јувентус имаше низа супер шанси за голови, кои не ги реализираше.

Антонио Силва, Жоао Марио и Рафа Силва со два гола до 50-та минута ја обезбедија победата, а Душан Влаховиќ даде еден гол во првиот дел, па Аркадиуш Милик и Вестон Мекени во две минути од 77-та до 79-та ги дадоа головите за Јувентус.