Екипите на Спортинг Лисабон и Аталанта одиграа нерешено 1-1 во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Европа. Италијанскиот тим остана непоразен и реваншот ќе го игра пред своите гледачи во Бергамо.
Паулињо донесе предност за Спортинг Лисабон во 17.минута од мечот. Сепак, Аталанта успеа да израмни пред полувремето.
Џанлука Скамака донесе израмнување во 39.минута од натпреварот.
Во продолжението двете екипи имаа по некоја шанса, а најблизу до погодок беа Лукман и Коатес кои ги погодија стативите. Во завршницата Ел Билал Туре успеа да погоди за Аталанта, меѓутоа ВАР собата сигнализира офсајд.
Реванш натпреварот во Бергамо се игра следниот четврток.