Легендарниот судија Итуралде Гонзалес ја коментираше ситуацијата кога напаѓачот на Реал, Винисиус можеше да биде исклучен, но помина са со жолт картон.
Во Лајпциг оправдано беа гневни на судењето на првиот меч, а можат да обвинуваат за судиска неправда и на реваншот на Бернабеу.
При резултат 0-0, Винисиус направи прво намерен прекршок од задгрб врз Орбан, а потоа и го бутна со рацете фаќајки го за вратот. Помина само со жолт картон.
„Судијата слободно можеше да го исклучи Винисиус. Тоа му беше втор некоректен старт во иста акција, ударот заврши во вратот, а не во градите. Реал Мадрид имаше судиска помош, требаше да го заврши натпреварот со десет фудбалери. На крајот голот за Реал го постигна играчот кој требаше да добие црвен“, рече Итуралде.
Видеото може да го видите ТУКА.