Полскиот напаѓач може да биде надвор од терените повеќе од еден меч. За вториот жолт картон суспензијата е еден натпревар, но голем проблем настана кога токму по вториот картон, Левандовски со едниот прст го допираше носот покажувајќи кон судијата.
Ова може да се сфати дека „судијата“ смрди, што пак може да го чини дури три натпревари надвор од терените. Абитарот во својот записник напиша: Играчот на Барселона кој е исклучен, во два наврати направи гест со кој покажа дека не се согласува со одлуката на судијата.
Гестот се состоеше од допирање на носот со прст, а потоа покажување кон судијата. Кога го напушти теренот, го повтори гестот пред четвртиот судија и гледајќи кон помошникот. Левандовски поради ова се соочува со суспензија од три натпревари или едномесечна суспензија.
Доколку Дисциплинската комисија му изрече поголема казна, Барселона ќе биде на три дерби мечеви без најдобриот стрелец и тоа против Еспањол дома, а потоа гостувањата против Атлетико и Бетис.