Екипите на Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Силекс се полуфиналисти во Купот на Македонија. Во Кратово, Силекс и Вардар одиграа 0-0 во регуларниот тек, а по пенал-серијата пласман во полуфиналето обезбеди Силекс.
Вардарци не реализираа дури три пенали. Глишиќ шутираше над голот, а Даниел Божиновски успеа да одбрани уште два пенали на „црвено-црните“ за конечни, 3-2.
Лидерот во шампионатот, Струга Трим Лум, ја совлада Брегалница со 2-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Малиќи во втората минута донесе водство за стружани, а пласманот го потврди Шабани со голот во 58.минута.
Македонија ЃП се пласира во полуфинале со победа над Академија Пандев со 1-0. Адама Самаке беше стрелец на единствениот гол во 73.минута.
Големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија беше предвреме прекинато, при резултат 0-1, откако навивачите на Шкупи влетаа во теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери. Конечниот збор ќе го имаат органите на ФФМ, но јасно е дека Шкендија ќе биде четвртиот полуфиналист во Купот.
Силекс – Вардар 3-2 на пенали, 0-0
Шкупи – Шкендија 0-1 – прекината во 10. минута
Елези 9
Струга Трим Лум – Брегалница 1-0
Малиќи 2, Шабани 59
Македонија ЃП – Академија Пандев 1-0
Самаке 73