Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се забавува пред почетокот на мастерс-турнирот во Индијан Велс, каде што пристигна многу порано поради што освен тренинзите, интервјуата и маркетинг обврските имаше време да заигра и фудбал.
Тој одигра фудбал на мали голови со пријателите и колегите, а со еден потег т.е. гол се воодушеви дури и самиот себе. Тој реализира со петица во стилот на Кристијано Роналдо, а посебно внимание привлече прославата на голот.
Ѓоковиќ првиот меч на турнирот во Индијан Велс ќе го одигра ноќта меѓу сабота и недела по македонско време, а ривал ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Шинтаро Мочизуки и Александар Вукиќ. Тој пет пати триумфираше на овој турнир, а последен пат тоа беше во 2016 година.