Четирикратниот светски првак Германија на неславен начин го занврши настапот во Катар, откако не успеа да ја помине групната фаза. Ова е втор Мундијал по ред на кој Панцерите се елиминирани уште по првите три меча, откако истата судбина ги снајде и во Русија пред четири години.
Еден од оние фудбалери кои беше дел од овие две неуспешни германски настапи на СП, но исто така и дел од шампионската генерација од 2014 година е Матијас Гинтер. За 28-годишниот Гинтер во Катар беше трето мундијалско искуство и секунди фалеа да постави еден неславен рекорд.
На Мундијалите од 2014 и 2018 година, Гинтер беше во составот, но не успеа да одигра ниту една минута. Во Катар, селекторот на Германија, Ханси Флик му текна да го стави Гинтер во игра во 93 минута и тоа во последното коло против Костарика.
Со тој настап и неколкуте минути поминати на теренот, Гинтер избегна можност да се приклучи на Хрватот Ентони Шериќ. Овој некогашен репрезентативец на Хрватска беше во составот на Коцкестите на Мундијалите во 1998, 2002 и 2006 година, но на трите планетарни собири не доби шанса да одигра ниту една минута, што е единствен таков случај во историјата.
Во репрезентативната кариера Гинтер може да се пофали дека бил светски првак на Мундијалот во Бразил во 2014 година, а сега конечно и дека почувствувал како е да се биде на теренотот на планетарен собир и да не биде првиот фудбалер кој бил светски првак, што бил дел од три Мундијали, а воопшто не заиграл на теренот.