Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез продолжува со фантастични игри во дресот на бразилскиот Гремио. Откако на дебито постигна хет-трик, тој сега беше стрелец на победничкиот гол за својот тим во победата од 1-0 против Бразил Де Пелотас.Голот го постигна во 90.минута и донесе огромна радост и делириум кај фановите на Гремио.

Немаше голови се до самиот крај, иако тимот на Уругваецот имаше фудбалер повеќе од почетокот на второто полувреме. Тогаш на сцена стапи Суарез, кој потсети на најдобрите денови и погоди за драгоцени три бода за легендарниот бразилски тим.

Суарез уште еднаш го покажа на дело своето мајсторство…