Шпанскиот гигант Барселона беше во надеж дека ќе се засили во јануари, а по заминувањето на Депај во Атлетико Мадрид. Но раководството на Ла Лига е на мислење дека не може да има нови засилувања во клубот поради оптовареноста на финансискиот фер-плеј на клубот.

Шефовите на Ла Лига дури открија дека постои можност новите договори на Гави и Араухо да не бидат регистрирани. Жерар Пике од среда официјално повеќе не е играч на Барселона, но дефанзивецот сѐ уште е на документите на Ла Лига.

Ла Лига сѐ уште верува дека Барселона нема финансии на располагање за да го официјализира новиот договор на Гави, што е приоритет на клубот.

Значи Барса треба да разработи план со раководството на лигата за да покаже дека ја подобрува финансиската состојба, за да добие одобрение да ги регистрира новите договори на Гави и другите првотимци.