Реал Мадрид триумфираше над Мајорка со 3:0 во второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп, кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија.
Реал конечно го скрши отпорот на Мајорка по една мешаница, а Џуд Белингам успеа да ја погоди мрежата.
Тој клучен момент се случи во 63. минута, а во продолжение Реал не се откажа и од втор гол, но ѕвездите на Анчелоти не ги искористија шансите.
Сепак, противникот му помогна на фаворитот во 93. минута, кога при едно додавање на Брахим Диаз топката ја зафати Валјент и си постигна автогол, а две минути подоцна Родриго ги постави конечните 3:0.
Реал со триумфот обезбеди финале во Суперкупот и закажа нов „Ел Класико“ дуел со Барселона во недела.