Тотенхем го совлада тимот на Ливерпул со 1-0 во првиот дуел од полуфиналето на англискиот Лига Куп.
Во првото полувреме се случи тешката повреда на Бентанкур кој мораше на носилки да биде изнесен од теренот. Во вториот дел двете екипи се закануваа, имаа шанси резултатски да профитираат, а Соланки постигна гол во 76 минута, но со помош на ВАР тој гол беше поништен поради офсајд.
Но сепак во 86 минута токму Соланки успеа да го пронајде младиот Бергвал кој го совлада Бекер за огромна радост и победа на домашниот тим. Ова за Ливерпул е само втор сезонски пораз во сите конкуренции, прв од месец септември кога во својот дом ги изненади Нотингем Форест во ПЛ.