Екипата на Баер Леверкузен со доста мака избори пласман во четвртфиналето во Лига Европа и тоа откако на чудесен начин славеше над Карабах со 3-2.

„Фармацевтите“ и на првата средба против Карабах се спасуваа и од 2-0 се изборија за реми од 2-2, а во реваншот по слично сценарио од негатива од 2-0 се изборија за комплетен пресврт и славје вредно место меѓу најдобрите осум во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Тимот на Карабах имаше убедлива предност (2-0) до 72 минута кога домаќиниот преку Фримпонг го зададе првиот удар и ја врати надежта за позитивен резултат. Меѓутоа иако имаше и играч повеќе на теренот, четата на Алонсо се мачеше да дојде до посакуваниот гол се до судиското продолжение кога Шик се најде на вистинското место во 93 и 97 минута за голем триумф и пласман на Баер во четвртфинале на ЛЕ.

 

Ливерпул повторно со ново моќно издание си поигруваше со Спарта Прага, па со вкупни 11-2 оди во наредната фаза.

Во победата од 6-1 во листата на стрелци се запишаа Нуњез, Гакпо, Кларк, Салах, Собослаи и одново Гакпо, додека за гостите погоди Бирманчевиќ.

Билет за четврфиналето обезбедија уште Аталанта и Рома.