После натпреварот против Барселона, екипата на Партизан тргнала кон Белград, но во експедицијата го немало Зек Ледеј.
Американецот отпатувал во својата татковина поради приватни причини за што Партизан информираше во текот на ноќта.
„Зек Ледеј доби дозвола да отпатува за Америка по натпреварот со Барселона. На семејството Ледеј и на Зек, Кошаркарскиот клуб Партизан им посакува се најдобро“, пишува во објавата од белградскиот клуб.
Колку време ќе остане во САД и дали ќе се врати за евролигашките натпревари идната недела, ќе се знае дополнително.