Ждрепката за четвртфиналето во Нион,  во Лига Европа, одлучи Ливерпул да добие италијански ривал, ќе се сретне со Аталанта, а Милан и Рома ќе имаат италијанска пресметка.

Баер Леверкузен ќе ги одмери силите со Вест Хем, а Бенфика ќе оди на дуел со Олимпик Марсеј.

ЛИГА ЕВРОПА, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Милан – Рома
Ливерпул – Аталанта
Баер Леверкузен – Вест Хем Јунајтед
Бенфика – Олимпик Марсеј

Првите четвртфинални натпревари се закажани за 11 април, додека реваншите се закажани за 18 април.

Што се однесува до полуфиналето, првите натпревари ќе се играат на 2 мај, а реваншите седум дена подоцна.

Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 22 мај во Даблин.