Вчерашната победа на ПСЖ над Лион, но и сите други натпревари одиграни во вечерниот термин во неделата, на кои беа понудени неколку дерби, беше во сенка на Лионел Меси.

Овој пат тоа не го направи со маестрална игра во која ги надигра своите противници, туку со неговата реакција откако Маурисио Покетино го извади од игра во 76. минута.

https://twitter.com/PerferctCityzen/status/1439728540883329028?s=20

Аргентинецот се налути до тој степен што одби да ја подаде раката кон тренерот по измената. Овој потег веднаш стана главна вест во сите светски спортски медиуми и камерите и фотографите што емитуваа снимки успеаја да го документираат од сите агли.

Говорот на телото на Меси на клупата не беше ништо подобар. Беше јасно дека на Меси веќе му беше доста од Покетино и дека го загуби трпението. Тој дури и не обрнуваше внимание на мобилните телефони и камерите што ги фатија неговите лути гримаси, дури и не се обиде да скрие дека е бесен што мора да седи на клупата додека неговиот тим го бркаше пресвртот.

На Меси веројатно не му се допадна фактот што Нејмар десет минути порано изведе пенал. Тоа беше и задача на Меси во Барселона, а сега во Париз допрва треба да се бори за тој статус во тимот.