Португалецот вели дека очекувале дерби против Италија, но свесен е дека и против Македонија ќе им биде тешко.
„Сите очекувавме да играме против Италија, нема да лажеме, но дури и против Македонија ќе биде тешко. Фудбалот е различен, сите тимови може да победат без разлика на нивните имиња, бројки, статистика и останато“, кажа Португалецот.
Мутињо вели дека Македонија има одличен тим, кој фантастично се брани, а смета дека квалитетот сме го потврдиле и во дуелот против европскиот првак.
„Мора да го покажеме нашиот квалитет на теренот. Македонија има силен тим, а тоа го докажа и против европскиот шампион. Свесни сме за тоа што нè чека и не можеме да имаме голема самодоверба. Не смееме да ја потцениме Македонија, затоа што тие се бранат добро, имаат добра органзиација во играта и ги користат нивните шанси. Ќе биде тешко, но наша цел е да заиграме на Мундијалот“, вели Мутињо.