Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси ја поведе Аргентина кон врвот на светот откако даде гол од пенал во 23-та минута од мечот во финалето на Светското првенство во Катар.
Меси влезе во историјата на Мундијалите како единствен кој успеал да даде гол во секоја фаза од едно СП – од групи, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале. За него ова е 12-ти гол во кариерата на Мундијалите, а веќе е рекордер со 26 настапи на најголемата сцена.
Инаку невниманието на Осман Дембеле после дриблинг на Анхел Ди Марија, направи пенал врз крилото кое рутински го реализира Меси.
https://twitter.com/matchdaytwts/status/1604497935026511873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1604497935026511873%7Ctwgr%5E09dd5d59f71381bfd3f856124c7d9e0e00215706%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fmesi-ja-povede-argentina-kon-vrvot-na-svetot-prv-igrach-koj-dal-gol-vo-sekoja-runda-na