Мароканските фудбалери постигнаа историски резултат на Светското првенство во Катар.
Тие го освоија четвртото место и станаа првата африканска екипа на завршниот турнир меѓу четирите најдобри.
Роман Саис, капитенот на Мароко, фудбалер на Бешикташ проговори за отказот на тренерот Вахид Халилхоџиќ.
Сето тоа се случи непосредно пред Светското првенство, кога го наследи Валид Реграги.
„Халилхоџиќ дојде до точка кога беше невозможно да остане на тренерската позиција. Го исвиркуваа на секој натпревар. Атмосферата стана тешка, се прошири и на остатокот од тимот. Сепак, не смееме да заборавиме дека тој не донесе на Светското првенство. Мораме да му се заблагодариме за тоа“, изјави Саис.
Мароко успеа да ги надмине тензиите и да одигра одличен турнир.
„По смената на селекторот Вахид Халилхоџиќ, сите бевме свесни дека имаме малку време да се навикнеме на новонастанатата ситуација. Сите се трудевме и треба да му честитаме на секој играч бидејќи даде се од себе. Сите разговаравме многу пред Светскиот Куп. Во екипата многу брзо се создаде добра атмосфера и сите ја сфативме важноста на турнирот“, заклучи Саис.