Италијански Наполи после 17 меча во низа го доживеа првиот сезонски пораз и тоа откако Мохамед Салах во 85-та минута и Дарвин Нуњез во 98-та му донесоа триумф на Ливерпул со 2-0 во последното коло во ЛШ, но само утешна победа за „црвените“ зашто наполитанците поради убедливите домашни 4-1 останаа првопласирани во групата.
Наполи можеше да остане непоразен да не беше ВАР, кој за сантиметри им поништи гол за водство уште во осмата минута од вториот дел кога Остегард даде гол со глава по центаршут на Квича Кварацхелија, но пет минути ВАР ја гледаше ситуацијата и на крај пресуди со офсајд, за сантиметри офсајд со прстите од раката на Остегард.
Салах даде гол пет минути пред крајот, две минути откако македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го смени Кварацхелија, а во судиското надополнување Уругваецот Нуњез погоди вторпат за да стави печат на победата.