Главната разврска ЛШ се случуваше во групата Д, каде пред ова коло сите четири тима имаа шанси за пласман во нокаут фазата. На крајот, Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт се пласираа во осминафиналето.

Ајнтрахт Франкфурт го совлада Спортинг Лисабон на гости со 1-2, со головите на Камада од пенал и на Коло Муани. Спортинг поведе преку Артур Гомеш во првиот дел.

Тотенхем победи со 1-2 против Олимпик Марсеј и се пласира во осминафиналето како првопласиран тим од групата Д. Францускиот тим поведе со голот на Шансел Мбемба во 45.минута, но израмни Клемен Ленгле во 56.минута од дуелот. Вториот гол го постигна Пјер-Емил Хојбјерг во 95.минута.

Ајакс славеше против Глазгов Ренџерс на гости со 1-3, а Порто стави крај на европските надежи на Атлетико Мадрид со триумфот од 2-1.