Социјалните мрежи можат да ви ја нарушат и концентрацијата, особено ако сте исклучително популарни, како Нејмар.
Напаѓачот на Бразил во текот на денот доби голем број пораки на Инстаграм, а очигледно имаше и негативни. Еден од клучните играчи на бразилската репрезентација е прилично лут на навивачите.
Рафиња реагираше со своја објава на Инстаграм.
„Навивачите на Аргентина го третираат Меси како бог. Навивачите на Португалија го третираат Роналдо како крал. Навивачите на Бразил сакаат на Нејмар да му ја скршат ногата“, објави Рафиња на Инстаграм.