Екипата на Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е првак на Азија со убедливата победа во реваншот над Јокохама Маринос (5-1).
Тимот предводен од легендарниот аргентинец Хернан Креспо на домашен терен покажа доминација и така дојде до големото одличје кое носи место и на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави во 2025 година.
Фантастичен натпревар имаше Тогоанецот Лаба со два постигнати гола, тој воедно беше и играч на натпреварот. Останатите три гола за Ал-Аин ги дадоа Рахими кој исто така беше двоен стрелец и Каку. За Јокохама, погоди Јан, но тимот имаше и црвен картон во првиот дел.
За Хернан Креспо ова беше втора голема титула во кариерата по онаа со Дефенса и Хустисија од Аргентина во Копа Судамерикана во 2020 година. За Ал-Аин ова беше прва титула во азиската Лига на шампиони по 21 година.