Барселона испадна од Европската лига, Ајнтрахт одлично се снајде и со победата на Камп Ноу ги остави Каталонците без уште еден трофеј .
На Германците им беше полесно да играат кога ја видоа атмосферата на трибините и големиот број на нивни навивачи.
„Ова ќе го паметам цел живот. Трибините беа полни со бели маички, беше многу емотивно“, изјави тренерот на Ајнтрахт, Оливер Гласнер.
Тактиката против Барселона беше јасна, а беше многу важно да не се дозволи премногу простор и време за Серхио Бускетс.
„Знаевме дека Барселона има проблеми со нашата сила и брзина, ја натеравме на игра каде што не создаваше големи шанси пред нашиот гол. Клучот беше да го ставиме Бускетс во неволја, да не му дозволиме многу простор и мислам дека тоа функционираше како што планиравме“.