Египет се пласира во четвртфиналето на Африканскиот Куп на Нации, откако после изведување на пенали ја елиминира селекцијата на Брегот на Слоновата Коска (0-0 регуларен дел, 4-5 пенали) во дерби-пресметката.

Изведувачките беа сигурни се до третата серија кога промаши Бејли од Брегот на Слоновата Коска откако резервниот голман Габаски кој влезе на местото на повредениот Ел Шенави го прочита неговиот удар. Египет го погоди клучниот пенал вреден четвртфинале преку Мохамед Салах.

Египет во четвртфиналето ќе вкрсти со Мароко.