Седумкратниот освојувач на тенискиот турнир на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ по голема борба и три часа игра го совлада 277. тенисер во светот, Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-4, 5-7 и 7-5.
Ѓоковиќ во првиот сет трпеливо ја чекаше својата шанса за брејк која се случи во осмиот гем (5-3), по што сервираше успешно и го освои сетот со 6-3.
Србинот повторно играше добро во вториот сет и не брзаше против Фирнли за да искористи уште една шанса и да го добие сетот со 6-4.
Фирнли, сепак, играше сигурно во третиот сет и успеа да го намачи Србинот, а потоа и да го освои сетот со 7-5. Меѓутоа Ѓоковиќ во следниот му се реваншира со истиот резултат и обезбеди пласман во третото коло.
Во овој дел од ждрепката неочекувана елиминација доживеа Полјакот Хуркач, кој поради повреда на меч-топка на Фис го предаде мечот.
Понатамошен пласман обезбеди и Гаел Монфилс, откако францускиот ас славеше во дербито на ветераните против Стан Вавринка со 3-0 во сетови.