Кошаркарите на Словенија со победа од 104-78 против Нов Зеланд обезбедија полуфинале на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.
Најефикасен во победничкиот тим беше маестралниот Лука Дончиќ кој постигна 36 поени, 11 скокови и 10 асистенции, додека на спротивната страна Шеа Или постигна 28 поени и 10 скокови.
Словенија во полуфиналето ќе оди на мегдан против Грција, додека Хрватска ќе игра против Доминиканската Република.