Нашиот северен сосед во ниту еден момент од натпреварот не стравуваше за победата, а првата голема разлика ја направи во вториот период. На полувремето резултатот гласеше 62-34. Србија имаше и најголема предност од 37 поени разлика во последната четвртина.
Василије Мициќ и Немања Недовиќ со по 14 поени ја предводеа Србија, додека Никола Јокиќ имаше 13 поени и 14 скока. Лаури Марканен очекувано беше прво име кај Финците. Србија е лидер во групата со три победи од три натпревари, а утре во 4.коло се среќава со Израел.
Во Групата Ц се случи големо изненадување, бидејќи еден од домаќините на турнирот Италија во Милано загуби од Украина со 84-73. Украинците со оваа победа се израмнија на врвот со Грција со максимален ефект, а утре се среќаваат во меѓусебен дуел.