Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со години е еден од најдобрите во НБА-лигата, а секогаш знае да изненади со некој трик.

Дончиќ пред мечот со Хјустон ја забавуваше публиката, а притоа постигна тројка од невозможна позиција и ги воодушеви навивачите.

 

Милвоки загуби убедливо во Мемфис (122-99). Грчката ѕвезда Јанис Адетокумпо одигра одлична партија, постигна 37 поени, со 11 скока, меѓутоа немаше доволна поддршка од соиграчите. Џа Морант во тимот на Мемфис имаше „трипл-дабл“ со 26 поени, 14 асистенции и 10 скока.