„Марка“ пишува дека Реал остро ќе ги санкционира своите кошаркари, кои со своето однесување го нарушиле имиџот на гигантот, а се шпекулира дека Гершон Јабуселе ќе биде избркан од клубот поради УФЦ зафатот.
Реал Мадрид прво ги чека санкциите од Евролигата, а потоа ќе има состанок на кој ќе биде одлучено какви чекори ќе се преземат против дивјаците на дербито.
Партизан е на чекор до пласман на Ф4-турнирот во Евролигата, откако синоќа поведе со 2-0 против „кралевите“.