По натпреварот меѓу Грузија и Турција на Европското првенство во кошарка се случи скандал кој може да има сериозни последици.
Натпреварот меѓу Грузија и Турција во Тбилиси беше решен дури по голема драма и продолженија. Грузија славеше со 88:83, а на теренот за малку ќе дојдеше до физички конфликт.
Страстите некако се смирија, Ергин Атаман беше исклучен, но потоа …
Коркмаз, кој беше дел од пресметката на теренот, по мечот наводно бил физички нападнат во соблекувалната.
Ова го откри селекторот на Турција, Атаман, а што да каже имаше и потпретседателот на Кошаркарскиот сојуз на Турција, Омар Онан.
Тој рече дека Коркмаз бил нападнат од Торнике Шенгелија кој го пропушта Евробаскетот поради повреда на рамото, Гого Битадзе кој не се соблече против Турција по одлука на селекторот и поранешниот грузиски репрезентативец Синадзе.
„Кога Коркмаз беше исклучен, тој отиде во соблекувалната со кондициониот тренер Ерен Хангун. Во тој момент Битадзе, Шенгелија и Синадзе ги нападнаа Фуркан и Ерен заедно со обезбедувањето. Тепачката ескалира откако Ерен се обиде да го одбрани Фуркан од четири лица “, изјави тој.
Турците се заканија дека ќе се повлечат од Европското првенство доколку не им бидат доставени снимките од инцидентот од безбедносните камери.
Инаку, во оваа група А сега има голема гужва во борба за пласман во осминафиналето. Шпанија, Турција, Црна Гора и Белгија имаат скор 2-1, Грузија се врати во игра и има скор 1-2, додека без победа е само Бугарија со сите три порази.