Кошаркарите на Партизан го совладаа Сласк со резултат 75:73 (22:15, 15:20, 17:17, 21:21) во натпреварот од 7. коло од групата А на Еврокупот.

Партизан ја оствари шестата победа и се осамостои на врвот на табелата.

Големата драма беше видена во Арената пред околу 6.000 гледачи. Партизан водеше во поголемиот дел од натпреварот, но во финишот Сласк успеа да го сврти резултатот. Поради пет лични црно-бели останаа без Копривица и Смаилагиќ, а поради повреди без Глас и Трифуновиќ.

Сласк поведе во 39. минута со пет поени разлика (68:73), но во финишот Дангубиќ стана херој. Тој врза четири поени, со два офанзивни скока, по што Партизан на пет секунди до крајот поведе со 74:73.

Сласк не погоди, а потоа Аврамовиќ беше фаулиран на 0,4 секунди пред крајот. Дефанзивецот на Партизан го постигна првиот, го промаши вториот и тука беше крајот на играта.

Грегор Глас беше најефикасен во тимот на Партизан со 18 поени. Урош Трифуновиќ постигна 12 поени, а Зек Ледеј и Алекса Аврамовиќ по 10 поени. Партизан на овој меч настапи и без Кевин Пантер.

Кај гостите Керем Кантер постигна 21 поен, а Александар Џиева и Иван Рамљак по 12 поени.

Во следното коло Партизан гостува кај Локомотива во Русија.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore